Со месеци говорел дека приказната со ковид-19 е „надуена“, а потоа починал од вирусот (ВИДЕО)

Неговата смрт привлече големо внимание бидејќи со своите објави на „Фејсбук“ изразувал скептицизам за коронавирусот.

2,960

Американецот кој со месеци говорел дека приказната за коронавирусот е претерана, по што тој се заразил и починал.

Станува збор за Ричард Роуз, Американец (37) кој неодамна почина од коронавирусот.






Неговата смрт привлече големо внимание бидејќи со своите објави на „Фејсбук“ изразувал скептицизам за коронавирусот.

Кон крајот на април, тој напишал на „Фејсбук“ дека никогаш нема да купи и да носи маска.

Кон средината на мај, тој напишал дека му е преку глава од вестите за вирусот, а неколку дена подоцна објавил исламофобичен „мем“ споредувајќи го хиџабот и маската.

Во текот на јуни, тој на „Фејсбук“ објави дека посетувал барови и ресторани во Охајо.

На првиот ден од јули тој објавил дека има симптоми на коронавирусот и дека се тестирал, а еден час по објавувањето, тој потврдил дека е позитивен.

Еден ден подоцна, Роус се пожали на симптоми и рекол дека го губи здивот додека седел, а на 4 јули веста за неговата смрт е објавена на веб-страницата на локалната погребална компанија.

Роуз починал само неколку дена откако дознал дека е позитивен на ковид-19.

– Ужасно е што го загубивме Рик, но уште потрагично што тој инфицираше други. Сепак, сите го распнуваат Рик на социјалните мрежи заради неговата одлука да не носи маска и тоа не е во ред. Тие треба да сочувствуваат без оглед дали се согласуваме со нечии верувања или не. Некој починал и треба да имаме сочувство – изјави неговиот пријател Ник Коли за локалните медиуми.

Поврзани содржини