СО „МЕРЦЕДЕС“ СЕ ВОЗЕШЕ ПО КРИМСКИ МОСТ Путин покажа дека ја издржал експлозијата ВИДЕО

661

Рускиот претседател Владимир Путин денеска се возеше со „мерцедес“ преку Кримскиот мост, кој беше оштетен од екслозии пред неполни два месеци.

Патниот и железнички мост е долг 19 километри, беше отворен во 2018 година, а беше нападнат на 8 октомври.






– Се возиме по десната страна. Левата страна, колку што знам, е функционална, но сепак треба да се заврши. Уште е малку оштетена и треба да ја доведеме во идеална состојба – изјави Путин.

Рускиот претседател ја обвини Украина за нападот на Кримски мост. Украина не ја превзема одговорноста за бомбардирањето на мостот кое се случи на денот на 70 роденден на Путин.

 

Поврзани содржини