СО МАСКИ И НА РАСТОЈАНИЕ Пратениците се вратија од одмор (ФОТО)

На седницата беше договорено дека оваа недела, односно на 1 септември, ќе продолжат преостанатите, незавршени седници, а следната нова пленарна седница Џафери ќе ја свика на 14 септември.

300

Денеска во Собранието, на првиот работен ден по враќањето од колективниот одмор на пратениците и собранискиот спикер Талат Џафери, се одржа првата редовна координација која што беше во полн состав, соопшти Парламентот.

„На седницата беше договорено дека оваа недела, односно на 1 септември, ќе продолжат преостанатите, незавршени седници, а следната нова пленарна седница Џафери ќе ја свика на 14 септември. На крајот, собранискиот спикер замоли да се почитуваат здравствените протоколи како што се почитуваа и досега, за да се заштити здравјето на пратениците, на вработените и нивните семејства“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини