СО МАСКА И ПО ЧЕТВОРИЦА ВО КАБИНА Следната недела во функција се враќа Жичарницата на Водно

Како што велат од ЈСП „Скопје“ , завршени се сите неопходни процедури за пуштање на објектот во функција од технички и безбедносен аспект, а одобрен е и Протоколот за работа на Жичарницата во услови на ковид-19.

630

Од ЈСП „Скопје“ информираат дека по речиси година и половина неработење од следната недела ќе започне да функционира Жичницата која пренесува патници до врвот на Водно.

Имено, како што велат од ова јавно претпријатие, завршени се сите неопходни процедури за пуштање на објектот во функција од технички и безбедносен аспект, а одобрен е и Протоколот за работа на Жичарницата во услови на ковид-19.






– Согласно протоколот за користење на Жичарницата во услови на ковид-19, меѓудругото, предвидено е: во кабина да се дозволи превоз на максимум 4 лица, односно искористеност на 50 отсто од вкупниот капацитет на кабината, патниците да носат заштитна маска, три пати во текот на денот да се врши дезинфекција на подот и внатрешноста на кабините – објаснуваат од ЈСП „Скопје“.

Инаку, жичницата престана да работи на 15.03.2020 година, како една од мерките за заштита од ковид-19.

Поврзани содржини