СО МАРКА ЌЕ СЕ ОВЕКОВЕЧИ МАНДАТОТ НА БУЈАР ОСМАНИ НА ЧЕЛО НА ОБСЕ „За луѓето се работи“ гласи мотото на идниот филателистички раритет

За сеќавањето од Претседавањето со ОБСЕ да биде трајно, се погриживме и преку издавање на посебно издание на свечена поштенска марка. Оваа поштенска марка ќе биде редок пример во филателистичките колекции ширум светот и ќе остане да сведочи на едно време на значаен напредок на државата на меѓународен план - рече Бујар Османи.

189

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи и директорката на Пошта на Македонија Бујаре Абази денес промовираа поштенска марка издадена по повод Претседавањето на Македонија со најголемата регионална безбедносна организација во Европа, ОБСЕ.

Свечената промоција на марката се одржа во спортскиот центар „Борис Трајковски“, кој се подготвува да ги прими високите делегации на земјите-учеснички и партнери на ОБСЕ на Министерскиот совет. Министерот Османи истакна дека овој настан ќе биде круна на Претседавањето со ОБСЕ кое ја позиционираше земјата како еден од клучните играчи на меѓународната сцена.






– За сеќавањето од Претседавањето со ОБСЕ да биде трајно, се погриживме и преку издавање на посебно издание на свечена поштенска марка. Оваа поштенска марка ќе биде редок пример во филателистичките колекции ширум светот и ќе остане да сведочи на едно време на значаен напредок на државата на меѓународен план. За луѓето се работи беше нашето мото и поттик во текот на изминатата година. Нашето Претседавање беше фокусирано на луѓето затоа што во свет во превирања, потребите и барањата на луѓето се секогаш на прво место – истакна Османи на промоцијата.

Министерскиот совет на ОБСЕ, рече Османи, е најголемиот настан во историјата на Македонија и по димензија и по значење за државата. На Министерскиот совет се очекува да присуствуваат 76 делегации на држави-учеснички и партнери на ОБСЕ претставени на ниво на министри за надворешни работи или повеќе од 1000 претставници на делегации.

 

 

Поврзани содржини