📽️ СО МАЧЕТИ НАПАДНАЛЕ ДРУГА ГРУПА СТУДЕНТИ Хаос на Универзитет во Турција има повредени и приведени

На социјалните мрежи се појави видео снимено од мобилен телефон, а на кое е снимен моментот кога група студенти со скијачки маски нападна други студенти со мачети.

382

На универзитетот во турскиот град Хаџетепе се разгореа тензиите меѓу две студентски групи, а расправијата брзо прерасна во тепачка, при што беа употребени мачети.

На социјалните мрежи се појави видео снимено од мобилен телефон, а на кое е снимен моментот кога група студенти со скијачки маски нападна други студенти со мачети.






Еден студент беше повреден во инцидентот и однесен во болница, додека турската полиција приведе уште тројца.

Според Т24, за време на церемонијата на предавање на титулата што ја одржа националистичка група, избувна тепачка меѓу студенти со спротивставени ставови.

Како што се интензивираше вербалната размена, брзо настана хаос.

Сведоци рекоа дека некои лица носеа скијачки маски и нападнаа со мачети.

Поврзани содржини