СО МАЧЕТА ВЛЕГОЛ ВО ПЕКАРНИЦА ВО БЕРЛИН Минувачите смртно го претепале

642

Во берлинскиот кварт Рајникендорф се случи злосторство во кое загина 38-годишен маж, а полицијата уапси неколку осомничени. Очевидци наведуваат дека жртвата пред смртта била вклучена во насилен конфликт.

Според полициски извори, мажот влегол во пекарница со мачета во раката, поради што конфликтот ескалирал. Подоцна, група мажи го претепале со безбол палки, по што тој починал.






„Во непосредна близина имало пет мажи на возраст од 24, 37, 39, 50 и 57 години, кои се привремено приведени“, соопштија од полицијата.

Случајни минувачи го нашле мажот без знаци на живот на тротоарот на Вализер Штрасе. Брзата помош и полицијата брзо интервенирале, но секој обид за реанимација бил залуден.

 

„Ова е уште еден трагичен пример за тоа како конфликтите често се решаваат со екстремно насилство. Се надеваме на брзо и целосно расчистување на овој случај“, се огласи полицијата.

Инспекторите веруваат дека жртвата била бездомник.

Поврзани содржини