СО ЛЕТОТО ДОЈДОА И ПОЖАРИТЕ Два пати пожарникарите од Гевгелија гаснеа пожар кај преминот „Богородица“

Првиот пожар бил регистриран во 15:42 часот кој беше изгаснат 17:30 часот. Втор пат огнот повторно се разгорел 18:50 часот, а истиот бил изгаснат во 20:15 часот.

141

Од Центарот за управување со кризи информираат дека е изгаснат пожарот околу граничниот премин „Богородица“, каде што гореше нискостеблеста шума.

„Пожарот кој беше активен во 18:50 часот кај граничниот премин Богородица е изгаснат во 20:15 часот.  Во гасењето на пожарот интервенирале 4 пожарникари и 2 ПП возила од ТППЕ Гевгелија“, информираат од ЦУК.






Претходно регионалниот ЦУК Струмица, известил дека од 15:42 часот гори ниска стеблесна шума околу граничениот премин „Богородица“ на површина околу половина хектар (0.5 ха).

„Веднаш на терен биле излезени 3 ПП возила од Територијалната противпожарна единица  со девет пожарникари, тим од МВР  Гевгелија со четири гранични полицајци и тим од ЕВН „Македонија“ за исклучување на напојување со електрична енергија, согласно оперативните стандардни процедури“, појаснуваат од ЦУК.

Оттаму информираа дека пожарот бил изгаснат во 17:30 часот, но нешто повеќе од еден час огнот повторно се разгорел.

Поврзани содржини