СО ЛАЖНИ ПОТПИСИ КАНДИДИРАЛЕ СОВЕТНИЧКА ЛИСТА Полицијата откри фалсификат на локалните избори во Богданци

Според наодите на полицијата, 40-годишен маж од Богданци без знаење и согласност ги искористил личните податоци од лична карта и пасош на својата мајка и на уште едно лице.

170

Во септември минатата година, обид за изборна манипулација во Богданци се одвивал зад затворени врати, преку злоупотреба на лични податоци и фалсификувани документи. Во случајот се опфатени три лица – еден жител на Богданци и двајца од Скопје.

Според наодите на полицијата, 40-годишен маж од Богданци без знаење и согласност ги искористил личните податоци од лична карта и пасош на својата мајка и уште едно лице. Наместо тие податоци да останат приватни, завршиле кај 33-годишен скопјанец, кој ги употребил во постапка за кандидирање членови за Советот на општина Богданци.






Во документите поднесени до општинската изборна комисија, полицијата утврдила дека биле фалсификувани и потписите на лицата чии податоци биле злоупотребени. Така изработените лажни јавни исправи, на 13 септември 2025 година, во Богданци биле доставени до членовите на изборната комисија, со цел да се поднесе кандидатска листа за советници.

Во целиот процес бил вмешан и трет осомничен, 45-годишен жител на Скопје, кој, според пријавата, учествувал во предавањето на фалсификуваната документација. Против тројцата се поднесени кривични пријави за злоупотреба на лични податоци, фалсификување исправа и помагање во овие дела.

Поврзани содржини