СО ЛАЖЕН СЕРТИФИКАТ ЗА АНГЛИСКИ КОНКУРИРАЛА ЗА ДИРЕКТОРКА НА УЧИЛИШТЕ Пријава за фалсификат во Пехчево

Жена од Пехчево приложила лажен документ на конкурс за директор.

153

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Д.Ј.(57) од Пехчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа”.

На конкурс за директор во основно училиште пријавената приложила фалсификуван сертификат за познавање англиски јазик со намера незаконски да биде избрана, информира МВР во билтенот.

 

 

Поврзани содржини