СО ЛАБУДОВИЌ ЌЕ СЕ НАЈДАТ РЕШЕНИЈА ЗА СИТЕ ПРОБЛЕМИ ВО МАЏИР МААЛО Во 21 век луѓе живеат во субстандардни услови во срцето на Скопје 

Планираме изградба на нова градинка во Маџи Маало, како и модернизација на улиците кои долго време не се санирани - рече Лабудовиќ.

734

Кандидатот за градоначалник на општина Центар од Движењето ЗНАМ поддржан од ВМРО-ДПМНЕ Мирослав Лабудовиќ и вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски денеска остварија средба со жителите на Маџир Маало, на кои им ветија дека ќе направат сѐ за набргу да им ги обезбедат сите неопходни услови за живот и развој во 21 век.

– Имаме заеднички став дека новиот детален урбанистички план за Маџир Маало ќе биде квалитетен, за модерен развој на овој дел од Скопје и, се разбира, исклучиво во интерес на граѓаните. Со нив ќе се консултираме како сакаат, каква потреба имаат тие за овој дел од нашата општина. Дополнително планираме изградба на нова градинка на овој потег, како и модернизација на улиците кои долго време не се санирани – рече Лабудовиќ, нагласувајќи дека соработката што ќе ја имаат и со Министерството за транспорт и врски и со Град Скопје ќе биде исклучиво во штитење на јавниот интерес.






Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски посочи дека е жално во 21 век луѓето да живеат во субстандардни услови во срцето на Скопје.

– И овде на дело може да видите како изгледа урбанистичкиот хаос и создавање урбанизам во интерес само на поединци. Затоа што, поединци кои се блиски до актуелното раководство на општина Центар не може овде да си го најдат личниот финансиски интерес или да најдат бизнис и токму затоа луѓето живеат во состојба која не личи на 21 век – со уништени улици, без соодветен водовод и канализација и со нерешени имотни прашања. И, ова на најдобар начин покажува како се уништува општината и зошто се неопходни промени во Центар – потенцираше Николоски.

Вицепремиерот Николоски верува дека заедно со Лабудовиќ, кого го нарече иден градоначалник на Центар, ќе работат на изнаоѓање решенија за сите проблеми и предизвици со кои се соочуваат маџирмаалци, за, конечно тие да дојдат до пристојни услови за живот.

Поврзани содржини