СО КОГО РАЗГОВАРА ИЗЕТ МЕЏИТИ? Главен урбанист на Ердоган од Истанбул би можел да биде во тимот на лидерот на Вреди

Поранешниот главен урбанист на Бурса и архитект кој бил дел од тимот на Реџеп Таип Ердоган во Истанбул, ќе биде носечки дел од тимот на Изет Меџити за урбанизмот во општина Чаир.

1,441

Тим од искусни архитекти и експерти за урбанизам, меѓу кои и поранешен главен урбанист на Бурса и дел од тимот на архитекти на Истанбул во време кога Ердоган бил градоначалник на овој град со 16 милиони жители, ќе му пружат експертска поддршка на Меџити во битката за Чаир, но и потоа, дознава Плусинфо.

Најавениот кандидат за градоначалник на Општина Чаир од Вреди, Изет Меџити, очигледно продолжува активно да го формира својот тим пред почетокот на изборната кампања. Денеска тој беше забележан во едно чаирско кафуле, во друштво на лица кои, според изгледот и разговорот, очигледно не се од Чаир и од Македонија.






Според нашите извори, станува збор за архитекти и експерти за урбанизам од светски ранг, кои наводно би можеле да станат дел од тимот на Меџити за подготовка на урбанистички и развојни проекти за Чаир.

Еден од клучните соговорници бил турски архитект со импресивно портфолио, кој во минатото бил дел од тимот на Реџеп Таип Ердоган во периодот кога тој беше градоначалник на Истанбул. Истиот архитект подоцна ја извршувал функцијата главен урбанист на Бурса, еден од најголемите градови во Турција.

Фото: Плусинфо

Иако фотографиите и сведоштвата на присутните потврдуваат дека станувало збор за сериозна и фокусирана дискусија, од штабот на Изет Меџити засега не добивме официјална потврда за идентитетот на луѓето, ниту за целта на средбата. Од таму кусо одговорија дека „кандидатот секојдневно се среќава со голем број луѓе, и од земјата и од странство, во рамки на неговите активности и дека тимот кој ќе биде составен за работа во Општина Чаир ќе биде импресивен“.

Дали оваа средба претставува почеток на ново партнерство и визионерски урбанистички проекти за Чаир, или само неформално дружење со стручњаци, останува да видиме во наредниот период.

Поврзани содржини