СО КОЊСКА КОЛА ВЛЕГЛЕ ВО ФАБРИКА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Наместо да избегаат, ги нападнале чуварите со дрвени предмети
Три лица со коњска кола влегле во круг на фабрика во Ѓорче Петров, а откако биле забележани и предупредени од вработените, физички ги нападнале со дрвени предмети, соопшти полицијата.
На 14.02.2026 година во 21 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 11:45 часот, три лица со коњска кола влегле во круг на фабрика на подрачјето на Ѓорче Петров. Откако биле забележани и предупредени од тројца вработени дека треба да го напуштат кругот на фабриката, физички ги нападнале вработените, при што употребиле и дрвени предмети.