СО КАЛАШНИКОВ ПУКАЛ ВО АВТОМОБИЛ, ПА ЈА ФРЛИЛ ПУШКАТА ВО КОРПА ЗА ОТПАДОЦИ Косовската полиција уапси маж во Приштина

Според косовската полиција, по пукањето, осомничениот го сокрил оружјето во корпа за отпадоци, но полицијата го пронашла и го одзела.

310

Косовската полиција уапси маж во Приштина под сомнение дека пукал со калашников во автомобил во кој се наоѓале три лица, јавува „Национале“.

Според косовската полиција, по пукањето, осомничениот го сокрил оружјето во корпа за отпадоци, но полицијата го пронашла и го одзела.






„Уапсен е осомничен маж поради сомнение дека фрлил огнено оружје АК-47 во корпа за отпадоци, со кое наводно пукал во автомобил во кој биле три лица. Полициските единици ги заплениле оружјето и 27 куршуми, а оштетениот автомобил бил однесен за преглед. Во полициската станица се идентификувани тројца мажи за кои постои сомневање дека биле во автомобилот во моментот на пукањето“, се вели во полициското соопштение.

Како што се додава во соопштението, по сослушувањето, осомничениот е приведен.

Поврзани содржини