Со извици „мафија“, „оставка“, почна протестот на ВМРО-ДПМНЕ против реваншизмот и неправдата

Поворката ја предводи претседателот на партијата, Христијан Мицкоски.

622

„Мафија на робија“, „оставка“, Македонија  извикуваат вечерва членовите на ВМРО-ДПМНЕ кои протестираат, како што рекоа, против  неправдите, реваншизмот и политичкото насилство.

Протестот започна пред зградата на Министерството за правда, а  декор на протестот се знамето на Европската унија државното  и партиското знаме со транспаренти поврзани со темата на протестот. Се слушаат и сирени и свирење.






Поворката ја предводи претседателот на партијата, Христијан Мицкоски.
Протестот треба да заврши пред Кривичниот суд.
Поврзани содржини