🎥 СО ЏИП ПРЕГАЗИЛ ЖЕНА НА ПЕШАЧКИ ПРЕМИН И ПОБЕГНАЛ Несреќа пред гимназијата „Јосип Броз“ во Скопје
Очевидци сведочат дека жената уредно поминувала на пешачки премин, а по несреќата е пренесена со Брза помош на лекување.
Жена е прегазаена од џип вечерва на пешачки премин во центарот на Скопје, а несовесниот возач побегнал од местот на настанот, информира Скопјанка, која објави видео на социјалната мрежа Фејсбук.
Несреќата се случила на пешачкиот премин кај гимназијата „Јосип Броз Тито“.
Очевидци сведочат дека жената уредно поминувала на пешачки премин, а по несреќата е пренесена со Брза помош на лекување.
МВР ги прегледува безбедносните камери во околината за да го идентификува и пронајде џипот и возачот. Засега нема официјални информации за несреќата.