Со име и презиме најверојатно ќе се објавуваат заразените со корона кои одбиваат решенија за самоизолација
Една од опциите е, и тоа во многу брзо време ќе го расчистиме, јавно да се објави, според Законот за управна постапка, и список на лица коишто треба да бидат во самоизолација, бидејќи навистина многу време се губи и се загрозува јавното здравје - најави Филипче.
Размислуваме и за алтернативна правна форма како решенијата да се поделат, а една од опциите е јавно да се објавуваат имињата на лицата кои се заразени со ковид-19 а коишто не сакаат да ги примат решенијата за самоизлација и не ги кажуваат контактите. Имињата на овие лица би се објавувале на страната на Министерството за здравство – најави денеска министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на прашање на прес конференцијата во Владата.
Тој додаде дека инсекторите од Државниот санитарен и здравствен инспекторат се соочуваат со сериозни проблеми со лицата кои не сакаат да ги примат решенијата за самоизолација.
– Една од опциите е, и тоа во многу брзо време ќе го расчистиме, јавно да се објави, според Законот за управна постапка, и список на лица коишто треба да бидат во самоизолација, бидејќи навистина многу време се губи и се загрозува јавното здравје посебно од страна на лицата коишто не сакаат да излезат во пресрет и да соработуваат со епидемиолозите и со ДСЗИ – нагласи Филипче.
Тој потврди дека бидејќи има голем проблем со делењето на решенијата за самоизолација, како мерка против ширење на ковид-19, тие ги повикале на помош и вработените во Собранието за да им помогнат на инспекторите за изготвување и делење на решенијата.