СО ИЛИ БЕЗ ЃОКОВИЌ ТУРНИРОТ ЌЕ БИДЕ ОДЛИЧЕН Надал смета дека никој не е над Австралија Опен

Тенисерот вели дека во случајот има многу прашања, кои бараат одговори и се надевам дека наскоро сè ќе се разјасни. Секој го избира својот пат.

291

Два дена пред почетокот на Австралија Опен, прашањето околу настапот на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ на првиот календарски грен – слем останува сè уште отворено.

Коментирајќи ги случувањата поврзани со Ѓоковиќ, шпанскиот тенисер Рафаел Надал изјави денеска дека никој не е над Австралија Опен.






– Во овој случај има многу прашања, кои бараат одговори и се надевам дека наскоро сè ќе се разјасни. Секој го избира својот пат. (На Ѓоковиќ) му се посакувам сè најдобро, го почитувам како личност и спортист, иако не се согласувам со многу работи што ги направи изминатите недели – рече Надал, кој заедно со Ѓоковиќ и Роџер Федерер го држи рекордот со 20 освоени грен – слем турнири.

– Јасно е дека Новак Ѓоковиќ е еден од најдобрите тенисери во историјата, но ниту еден играч во историјата не е и не може да биде над тенисот. Играчите доаѓаат и заминуваат, потоа доаѓаат други, како што тоа е случајот со Роџер, Новак или јас, или, Бјорн Борг, кој беше фантастичен во своето време. Австралија Опен е многу поважен од кој било играч. Доколку Ѓоковиќ настапи, во ред, а ако не, Австралија Опен ќе биде одличен турнир со или без него – додаде Надал.

Поврзани содржини