Со Грција се спрема договор за избегнување на двојното оданочување

634

За време на посетата на Атина, со премиерот Мицотакис, разговаравме за аспектите на Договорот од Преспа, за двата гранични премини што треба да се отворат меѓу двете земји и најмногу за економијата, истакна премиерот Зоран Заев, вечерва во интервју за Канал 5.

Тој посочи дека, 90 проценти од времето зборувале за двата гранични премини што треба да се отворат.






– Грција има добиено грант од ЕУ за преминот Маркова нога – Лемос, да го отворат. Реферираа и за активностите на граничниот премин кај Кавадарци, кој е особено важен за Грција, бидејќи таму имаат зимски центар – рече Заев.

Но, најмногу зборуваме за економијата, истакна Заев, додавајќи дека во октовмри ќе се потпишат договорите за избегнување на двојно оданочување и за заштита на инвестициите, што ќе привлече поголеми вложувања.

– Грција понуди помош за дигитализацијата, што е еден од најголемите успеси на владата на премиерот Мицотакис. Интерес е на секоја земја да гради пријателства, ние сме помала земја – изјави Заев.

За време на разговорот, посочи Заев, кажавме дека се уште има табли во македонскиот регион на Грција или како што велат тие грчка Македонија, каде се уште стои ФИРОМ.

– Ние се боревме ФИРОМ да го тргнеме. Овде, ние имаме обврска да го смениме името на археолошкиот музеј, каде треба да стои Археолошки музеј на Северна Македонија, и тука такви работи треба да дозавршиме – рече Заев.

Тој посочи дека кавга и непријателство може да се направи во секое време, но тешко е да се прави пријателство и да се одржува тоа пријателство

Поврзани содржини