СО ГОСПОДИНОТ АЛИУ СЕ ПОЗНАВАМЕ И МИСЛАМ ДЕКА ДОБРО ЌЕ СОРАБОТУВАМЕ Мицкоски нема против информатичар да стане министер за здравство

Со господинот Алиу се познаваме, така што, мислам дека добро ќе соработуваме во рамки на Владата - изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција за промоција на оперативниот план за вработување.

413

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека го добил и официјално предлогот на Вреди Азир Алиу да биде иден министер за здравство и дека деновиве ќе го достави до пратениците во Парламентот.

– Со господинот Алиу се познаваме, така што, мислам дека добро ќе соработуваме во рамки на Владата – изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција за промоција на оперативниот план за вработување.






За тоа дали власта сега ќе има бадентерово мнозинство во Собранието, Мицкоски рече дека во зависност од потребата така ќе се креираат условите.

Прашан за коментар на неодамнешниот избор на апелациони судии, при што беше избрана сопругата на неговиот советник за надворешни работи Марковски и сопругата на претседателот на Уставен суд, Мицкоски рече дека од тоа што тој е информиран постапката за избор на судии е отпочната пред три и пол години.

– Госпоѓата што прва ја споменавте, којашто е сопруга на амбасадорот Марковски, кој е дел од мојот кабинет е прворангирана на тој список. За дополнителни коментари би ве насочил кон Судскиот совет, тие да дадат одговор, бидејќи тие се тие коишто ги бираат и тие се тие кои ги рангираат – изјави Мицкоски.

Поврзани содржини