ПОБЕДА ПО ДВА ИЗГУБЕНИ СЕТА Ѓоковиќ приреди нов спектакл

2,575

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на УС Опен откако славеше со 3-2 во дуелот со сонародникот Ласло Џере.

Џере беше подобриот противник на отварањето на натпреварот. Првите два сета ги доби со 6-4 со што се најде на чекор до сензација и елиминација на поискусниот противник, но еден од најдобрите тенисери во историјата сепак успеа да направи уште еден епски камбек, се врати од 0-2 и да победи што за него е осми пат во кариерата.






Ѓоковиќ славеше следните два сета ги доби со 6-1, а во одлучувачкиот, петти сет победи со 6-3 со што закажа осминафинален меч против Хрватот Борна Гојо.

Поврзани содржини