СО ГОДИНИ СЕ СНИМАЛ КАКО СЕДИ ПРЕД КОМПЈУТЕР Поради тие селфи фотографии студент од Индија станал милионер!
Мислев дека можеби е смешно и забавно само еден од колекционерите да купи слика од моето лице. Никогаш не мислев дека некој би сакал да купи толку многу селфи фотографии, па затоа определив само 3 долари како почетна цена, вели Гозали.
Студент со години се снимал како седи пред компјутер, од фотографиите станал милионер (ФОТО)
Султан Густаф Ал Гозали, студент по информатика од Индонезија, се збогатил преку ноќ. Во период од четири години, тој направил речиси илјада селфи седејќи пред својот компјутер.
Потоа ја трансформирал својата колекција на фотографии во „NFT“ (уникатни дигитални ставки кои се купуваат, продаваат и складираат на блокчејн).
Мислел дека би било забавно да се фотографира секој ден во иста поза на исто место. 22-годишното момче прво поставило цена од само 0,00001 „ETH“ (околу 3 долари) за секоја слика, пишува „The Independent“. Но, наскоро вредноста на неговите фотографии се зголемила.
Uploading my photo into nft lolhttps://t.co/E3Q4sBmN26#NFT #opensea pic.twitter.com/rD51rdcpzp
— Ghozali_Ghozalu (@Ghozali_Ghozalu) January 10, 2022
Неговите фотографии го привлекле вниманието на трговците со криптовалути со висок ризик, па сега поединечните слики се продаваат за повеќе од десет илјади долари. Пред десетина дена тој се огласил на Твитер и рече дека продава „NFT“.
– Ја поставувам мојата фотографија на „NFT“ – напишал тој тогаш, а веќе следниот ден напишал: „Не можам да верувам дека луѓето навистина ги купија моите „NFT“ фотографии, 35 од нив веќе се продадени за еден ден“.
Повеќе од 200 негови селфи биле продадени истиот ден на платформата „OpenSea“, а потоа биле купени уште стотици во следните денови.
– Мислев дека можеби е смешно и забавно само еден од колекционерите да купи слика од моето лице. Никогаш не мислев дека некој би сакал да купи толку многу селфи фотографии, па затоа определив само 3 долари како почетна цена – вели Гозали.
Can’t believe people actually bought my photo #NFT 35 already sold in one day pic.twitter.com/HRyB86OJD5
— Ghozali_Ghozalu (@Ghozali_Ghozalu) January 11, 2022
Цената на неговите селфи сега е 4 „ЕТН“ (околу 11.300 долари) по парче. Целата колекција, наречена „Ghozali Everyday“, се проценува на 374 „ETH“ (1 милион долари). Локалните власти го контактирале за да му наложат да плаќа даноци, но тој вели дека неговите родители сè уште не знаат дека се збогатил.
– Да бидам искрен, сè уште немам храброст да им кажам на моите родители. Тие би се запрашале од каде ми се тие огромни пари – изјавил студентот.