СО ГОДИНИ СЕ БОРИ СО СЕРИОЗНА БОЛЕСТ Мајкл Џеј Фокс доби почесен Оскар

На Фокс на 29-годишна возраст му била дијагностицирана Паркинсонова болест, нервно нарушување кое предизвикува тремор и други симптоми.

202

Актерот Мајкл Џ. Фокс, кој ја воодушеви публиката во ТВ-комедијата „Семејни врски“ од 1980- тите и со филмовите „Враќање во иднината“ , завчера доби почесен Оскар за активностите во собирање 1,5 милијарди долари за испитување на Паркинсоновата болест.

На Фокс на 29-годишна возраст му била дијагностицирана Паркинсонова болест, нервно нарушување кое предизвикува тремор и други симптоми. Подоцна се повлече од актерството и во 2000 година ја основа Фондацијата Мајкл Џи Фокс за истражување на Паркинсоновата болест за да помогне во финансирањето на потрагата по лек.






„Стојам овде понизно прифаќајќи ја вашата добрина“, рече канадскиот актер на сцената на годишните награди, каде што мноштво врвни ѕвезди, меѓу кои Том Хенкс и Џенифер Лоренс, му аплаудираа.

Фокс рече дека најтешкиот дел од неговата дијагноза е „справувањето со неизвесноста“ и дека ја чувал својата дијагноза во тајност со години бидејќи „не знаел дали публиката може да се смее ако дознае дека се мачи“.

Канадскиот актер, кој сега има 61 година, ја доби хуманитарната награда Жан Хершолт од бордот на директори на Академијата за филмски уметности и науки, која ги доделува Оскарите, а ја објави неговиот пријател Вуди Харелсон.

„Страшната дијагноза ја претвори во храбра мисија“, изјави актерот.

ФОТО: Reuters/Mario Anzuoni

Поврзани содржини