ЛЕКАРИТЕ МУ ДАВАА УШТЕ ЕДНА НЕДЕЛА ЖИВОТ Почина познатиот пејач Стив Харвел
Пејачот на американскиот бенд „Смеш моут“ (Smash Mouth), Стив Харвел, почина на 56-годишна возраст, пренесува американскиот портал „Ти-ем-зи“.
Пејачот на американскиот бенд „Смеш моут“ (Smash Mouth), Стив Харвел, почина на 56-годишна возраст, пренесува американскиот портал „Ти-ем-зи“.
Вестите за неговата лоша здравствена состојба започнаа да се шират кога беше објавено дека има уште една недела живот и дека семејството и пријателите започнале да се простуваат од него.
Стив бил во многу тешка состојба, откако се години се борел со здравствени проблеми. Семејството се простило од пејачот, а менаџерот изјавил дека се претпоставува дека му преостануваат уште 7 дена живот. За жал, фронтменот на „Smash Mouth“ починал по неполни 15 часа од објавата на Инстаграм.
Харвел долга низа години консумирал алкохол и се наоѓал во последен стадиум на откажување на црниот дроб, поради што неодамна бил на болничко лекување. Тој се наоѓал на домашно лекување, а семејството и пријателите го посетувале во последните 3 дена за да се простат од него.
Оваа тажна вест пристигнува речиси 2 години по загрижувачкиот инцидент кога Стив се појави дезориентиран на настап во живо, каде зборуваше неповрзано и ѝ викаше на публиката, а кратко потоа изјави дека заминува во пензија.
Во тоа време извори блиски до пејачот рекоа дека тој се бори со низа здравствени проблеми како кардиомиопатија, срцева слабост и Верникеова енцефалопатија која е акутен синдром кој предизвикува низа други проблеми.
Тогаш се споменуваше и дека е зависен од наркотици, пишува „Ти-ем-зи“.