Eдна од најпознатите манекенки на денешницава, Алесандра Амбросио, во саботата на 11 април го прослави 39-тиoт роденден, а оваа убавица му пркоси на стареењето со оглед на тоа што и понатаму изгледа како тинејџерка.
Убавата Бразилка на јавноста ѝ е позната како еден од најдолготрајните ангели на модниот бренд „Викторијас сикрет“, која ја носеше цели 13 години, сè додека не се „пензионираше“ во 2017 година.
Алесандра ги красеше насловните страни на околу 70 модни магазини, а сè уште не се случило да не заврши на листите меѓу најсексапилните и најубави жени на светот.
Оваа 39-годишна жена долго имала проблем со својата самодоверба, пред сè, поради изразено клемпавите уши. Но, како 11-годишно девојче направила операција, после која имала низа здравствени компликации.
Токму поради тоа, таа денес редовно предупредува на можните негативни последици на естетските зафати кои што се прават на децата.
Но, токму таа несигурност ја однела до кариерата на модел. Таа уште кога имала 14 години се обидела да навлезе во водите на модата и научила да се сака самата себе, но никогаш не помислувала дека еден ден ќе стане најбараното модно лице во родниот Бразил, но и во целиот свет.
Покрај убавото лице, оваа бринета е позната и по долгите нозе, стомачките мускули и затегнатото тело, што не е ни чудно што ги има бидејќи внимава на својата исхрана и редовно тренира.
Таа истакнала дека најмногу ужива во пливањето и одбојката на песок, но исто така ужива и во јогата.
Таа исто така ја открила и својата рутина за разубавување, но акцентирала и дека сака кога тенот ѝ е благо исончан, и дека често користи креми со заштитен фактор.
FOTO: Instagram/Printskrin