СО ГОДИНИ ЈА ТРУЕЛЕ МАКЕДОНИЈА И ИСПУМПАЛЕ 167 МИЛИОНИ ЕВРА Со што се увериле судиите дека осомничените нема да побегнат?

Шемата во којашто се вмешани врвни функционери на СДСМ, како Васко Ковачевски кој е во бегство, синот на пратеникот Јахоски кој има бизнис мрежа која се протега до зетот на Али Ахмети е тешка 167 милиони евра. Оваа шема со години ја труеше Македонија, а тие испумпаа стотици милиони евра, обвини пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

389

Кога СДСМ и ДУИ го штитат судството, всушност штитат криминал од 167 милиони евра, Асмир Пуцко Петрол наместо во притвор го оставија дома, реагираше денеска пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

– Со години Македонија ја трујат со отровен, канцероген мазут, и за тоа се платени стотици милиони евра од буџетот преку разни тендери. Шемата во којашто се вмешани врвни функционери на СДСМ, како Васко Ковачевски кој е во бегство, синот на пратеникот Јахоски кој има бизнис мрежа која се протега до зетот на Али Ахмети е тешка 167 милиони евра. Оваа шема со години ја труеше Македонија, а тие испумпаа стотици милиони евра. Тоа што институциите го процесуирале до правосудните органи е веќе познато за целата јавност. Граѓаните знаат кој ги труел и притоа ги крадел. Само судиите на СДСМ и ДУИ ги штитат криминалците. Наместо најстроги мерки за обезбедување на присуство, судиите на СДСМ и ДУИ го пуштиле дома синот на пратеникот Јахоски, газда на Пуцко Петрол. Иако помеѓу осомничените има лица кои се во бегство, како Васко Ковачевски, судот верува дека останатите нема да бегаат. Со што се увери судот дека и другите осомничени, кои се имотни, нема да се впуштат во бегство? Кој ќе одговара ако уште некој од осомничените избега? До кога судиите ќе им служат на СДСМ и ДУИ, а не на народот – рече Стојаноски.






Пресудите се носат во име на граѓаните, а не во име на партиите СДСМ и ДУИ, додаде пратеникот.

– Судиите да се освестат и да почнат да работат по закон. Одговорноста за секој пропуст и криминал е нивна – рече Стојаноски.

Поврзани содржини