СО ГОДИНИ ЈА ШОКИРАШЕ ЈАВНОСТА СО СВОЈОТ ИЗГЛЕД Денес ѕвездата на „Сам дома“ изгледа неверојатно (ФОТО)
Обожавателите се воодушевени од изгледот на Калкин, кој изгледа многу здраво и свежо, по годините со шпекулации дека актерот им се оддал на зависностите.
На Холивуд булеварот во Лос Анџелес се одржа ревија на италијанскиот бренд „Гучи“, предводена од дизајнерот Алесандро Микеле.
На модната писта, меѓу другите, прошета и актерот Меколи Калкин, најпознат по улогата во култните филмови „Сам дома“.
Обожавателите се воодушевени од изгледот на Калкин, кој изгледа многу здраво и свежо, по годините со шпекулации дека актерот им се оддал на зависностите.
Згодниот Калкин се прошета во интересна модна комбинација – беж панталони и кошула и палто со шарени детали, со кломпи на нозете – типичен стил на „Гучи“.
Инаку, Меколи неодамна се огласи на Твитер и го коментираше трејлерот за шестиот дел од култниот филм „Сам дома“. Фановите шпекулираат дали актерот ќе се појави во новото продолжение на филмот.
Неодамна беше ангажиран во последната сезона на филмот „Американска хорор приказна“.
Меколи Калкин во 2004 година беше уапсен поради поседување нелегални супстанции во Оклахома, а многупати се појавија фотографии од него на кои изгледаше нездраво слаб и истоштен.