Со „фиќо“ на бензиска во Германија

1,991

Вработениот на бензинската ги прашува:

„Бензин, дизел?“






Миле:
„Само вода, ве молам.“

Човекот им го полни резервоарот до горе, Миле вади едно шишенце со таблети и пушта една во
резервоарот. Влегуваат во автомобилот, палат и заминуваат. Германецот останува со подотворена уста.

Следниот ден на истата бензинска станица.

Миле: „Само вода, ве молам.“
Го полнат резервоарот до горе, Миле става една таблета во резервоарот, палат и заминуваат.

Третиот ден запираат на истата бензинска. Кон нив се приближува господин во костум и им вели: „Слушам дека имате некакви специјални таблети. Јас сум директор на компанијата ESSO и сакам да ви ги откупам таблетите. Колку барате за нив?“

Мишо: „50.000 евра ама веднаш и во кеш.“

Човекот изненаден од ниската сума: „Дали сте сигурни дека за ваков изум барате само 50.000 евра?“

Мишо: „Да, да, ние сме од Македонија, а таму кај нас тоа се многу пари“.

После некое време ги добиваат парите, му го даваат шишенцето на господинот и си заминуваат.

Коле прашува: „Абе Миле, а ние како ќе возиме сега?“

Миле: „Па како и до сега – на плин.“

Поврзани содржини