СО ФАШИСТИ НЕ СМЕ ИСТИ! Почна протестот против клубот Цар Борис III

„Фашизмот мора да падне - Не за бугарскиот Хитлер“,„Со фашисти не сме исти, ние сме антифашисти“, „Со фашисти не се преговара“, пишува на дел од транспарентите што ги носат демонстрантите.

381

Во Охрид почна протестот пред бугарскиот културен клуб Цар Борис III, којшто требаше да биде отворен денеска во 12 часот.

Протестот го организира политичката партија Левица, а и ВМРО-ДПМНЕ повика на масовност, но тој да биде мирен, демократски и без инциденти.






„Фашизмот мора да падне – Не за бугарскиот Хитлер“,„Со фашисти не сме исти, ние сме антифашисти“, „Со фашисти не се преговара“, пишува на дел од транспарентите што ги носат демонстрантите.

Ова брзо ќе изгори тука“, „Фашисти, убијци, татари, извикуваат присутните. Постојано се слушаат свирежи и исвиркувања.

Дел од граѓаните велат дека не се против отворање на бугарски клуб во земјава, но дека името на клубот е провокација.

– Провокативно е името, немаме против отворањето на клубот. Секој има право да каже како се чувствува, но името е провокативно – и Цар Борис и Ванчо Михајлов во Битола. Немаме ништо против нивната определба, нека си кажат како се чувствуваат, но имињата се провокативни – велат тие.

Во Охрид има засилено полициско обезбедување, а дел од демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон.

Поврзани содржини