Со фалсификуван документ одржано „вонредно собрание“ на Скијачката федерација

Од Федерацијата истакнуваат дека во најкус можен рок ќе бидат преземени дејствија пред надлежните органи и ќе бидат поведени соодветни постапки против сторителите.

514

Скијачката федерација на Македонија (СФМ) информира дека има сериозни индиции и цврсти докази дека е одржано вонредно собрание врз основа на фалсификувана исправа.

На ден 02.03.2021 година на одржаното редовно Собрание на Скијачката федерација на Македонија Скопје (СФМ) за претседател на Федерацијата е избран Дејан Пановски од Скопје.






Од федерацијата, по повод последните информации кои што се пласираат во јавноста од страна на поединци и клубови кои, како што велат, имаат намера да ја блокираат работата на Федерацијата укажуваат дека истите тие како дел од Скијачката федерација на Македонија се повлекле од работата на редовното собрание и сега користејќи ги обележјата на Федерацијата лажно се претставуваат како нејзини официјални лица.

Ваквите постапки предизвикаа бранување во скијачкиот спорт, од причина што објавените планирани трки и настани од овие лица не се поддржани од СФМ и како такви се од ревијален карактер.

„Имаме сериозни индиции и цврсти докази за сторено кривично дело од страна на поединци кои што презеле дејствија со цел противправно да изберат органи во Федерацијата, односно одржале ‘вонредно собрание’ врз основа на фалсификувана исправа (иницијатива) и лажно претставување. Како поткрепа на нашите наводи имаме и материјален доказ од кој може да се увиди дека најмалку еден од потписниците на иницијативата лажно е претставен и своерачно не ги потпишал документите, а неговиот потпис е фалсификуван“, се вели во соопштението од СФМ.

Од Федерацијата истакнуваат дека во најкус можен рок ќе бидат преземени дејствија пред надлежните органи и ќе бидат поведени соодветни постапки против сторителите.

Поврзани содржини