СО ФАЛИСИФИКАТ ПРОДАЛЕ ИМОТ ВО ДУБРОВНИК, ПА ГО УБИЛЕ ВИСТИНСКИОТ СОПСТВЕНИК! Германец и Хрватка извршиле грозоморно убиство

Жената е осомничена дека фалсификувала документи врз основа на кои, како божемен полномошник на оштетениот, продала деловен простор во Дубровник за 400.000 евра.

974

Загрепската полиција расветли убиство на педесет и осумгодишен маж, чие исчезнување било пријавено во 2022 година. Осомничени се Германец (57), кој живее во Хрватска, и жена од Хрватска (61). Тие се товарат дека го убиле човекот за да прикријат продажба на негов недвижен имот и да ги задржат и да си ги поделат парите од продажбата, околу 400.000 евра.

Загрепската полиција соопшти дека шеесет и едногодишната жена е осомничена дека фалсификувала документи врз основа на кои, како божемен полномошник на оштетениот, продала деловен простор во Дубровник за 400.000 евра, објави агенцијата Срна.






Се претпоставува дека Германецот и шеесет и едногодишна жена потоа го намамиле оштетениот во изнајмен стан, каде го убиле за да ја прикријат продажбата на неговиот недвижен имот и да ги задржат парите.

По извршената кривична истрага, полициските службеници во законскиот рок ги предале осомничените на надзорникот на притвор, а до Жупаниското државно обвинителство во Велика Горица е поднесена кривична пријава.

 

Поврзани содржини