СО ЕСПРЕСО ПРОТИВ АЛЦХАЈМЕР Кафето го намалува ризикот за деменција и Алцхајмерова болест!
Пиењето кафе „Еспресо“ би можело да има значајно влијание врз спречувањето на Алцхајмерова болест, посочува ново истражување на Универзитетот на Верона, Италија.
Со години науката кафето го поврзува со здравствени опасности. Сепак, неодамнешни истражувања покажаа дека умереното консумирање кафе може да има корисно влијание врз здравјето. Истражувачите од Универзитетот на Верона, Италија, откриле дека eспресото посебно ја спречува акумулацијата на тау-протеин, којшто е поврзан со Алцхајмеровата болест. Со други зборови, тоа го прави собирањето на споменатиот протеин помалку штетно за мозочните клетки.
Инаку, Тау е мал протеин со кратко име, но со голема репутација поради неговата поврзаност со повеќе мозочни заболувања. Тау-протеините во мозокот на луѓето со Алцхајмерова болест се погрешно преклопени и абнормално обликувани.