СО ЕЛЕКТРОШОК ГИ НАПАДНАЛ БИВШАТА И НЕЈЗИНИОТ ДЕЧКО Пријавен поранешен партнер и двајца негови другари
Тројца мажи од Скопје се приведени откако поранешен партнер на 23-годишна велешанка дошол во нејзиниот дом и со двајца пријатели нападнал неа и нејзиното момче.
Тројца мажи од Скопје се уапсени откако нападнале млад пар во дом во Велес, при што употребиле електрошок и тврд предмет.
Според информациите од полицијата, инцидентот се случил вчера наутро кога 26-годишен скопјанец дошол во домот на својата поранешна партнерка, 23-годишна велешанка.
Тој најпрво физички ја нападнал неа и нејзиниот сегашен 24-годишен партнер. Наскоро во нападот се вклучиле уште двајца мажи од Скопје, на возраст од 30 и 43 години, кои дошле заедно со него.
Како што информира полицијата, тие го нападнале момчето и притоа употребиле електрошок и тврд предмет.
По пријавата, полициски службеници ги привеле тројцата напаѓачи, кои подоцна биле спроведени во полициската станица во Велес.
За случајот е известен јавен обвинител, а по целосното расчистување на настанот ќе следуваат соодветни пријави.