А.Д.(25) од Прилеп вчера изутрина околу 7 часот на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје била удрена од електричен тротинет, управуван од засега непознато лице, кое веднаш побегнало од местото на несреќата, информира МВР во дневниот билтен.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Д., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје“, информира МВР.