СО ЕДУКАЦИЈА И ПРЕВЕНЦИЈА ДО ПОГОЛЕМА СВЕСНОСТ ЗА ОДГОВОРНОТО ИГРАЊЕ Преку „Играј одговорно“ ДВЛМ континуирано вложува во заштита на играчите

Државна Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија го проширува проектот „Играј одговорно“ со ново советувалиште во Радовиш. Активностите се насочени кон превенција и психо-социјална поддршка за лица со проблематично играње.

0

Државна Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија соопшти дека преку проектот „Играј одговорно”, континуирано ја истакнува важноста на одговорниот пристап кон игрите на среќа.

Во рамки на активностите за едукација и превенција, компанијата овозможи функционирање на неколку советувалишта низ државата. Покрај постоечките центри во Скопје, Куманово и Прилеп, следната недела се очекува да започне со работа и ново советувалиште во Радовиш.






Советувалиштата се дел од поширок проект за превенција и психо-социјална поддршка на лица со проблематично играње игри на среќа, под наслов „Играј одговорно“, кој се реализира од 2019 година во соработка со Здружението на лекувани зависници на Република Македонија.

„Како општествено одговорна компанија, Државна Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија посветува сериозно внимание на поставување и почитување на стандарди за одговорно приредување игри на среќа. Преку едукација, поддршка и заштита на играчите, компанијата активно работи на намалување на ризиците, особено кај ранливите категории граѓани“, се вели во соопштението.

Компанијата порачува дека со ваквите активности, ДВЛМ се позиционира како предводник во индустријата во делот на одговорното играње, со јасна цел – превенција на негативните последици од прекумерното играње и градење повисоко ниво на свесност кај јавноста.

Фото: Видеолотарија Касинос Австрија 
Поврзани содржини