СО ЕДНОТО РАЧЕ НА СРЦЕТО, А СО ДРУГОТО ЈА РАСПРОДАВА ЗЕМЈАТА Филипче до милиметар ја следи политиката на Заев, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Зоран Заев е човек кој со едната раката на срце се колнеше во македонската жица и тврдеше дека си ја сака земјата, додека со другата ја распродаваше. Откако со Бугарија влезе во процес на преговори и без око да му трепне, Заев прифати сѐ што Бугарите од него побараа, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

387

Венко Филипче се гордее со неговиот претходник Зоран Заев и учи од него, реагираше ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Тој призна дека не сака да се одвои од неговата сенка и дека и народот треба да учи од неговото искуство и политики спроведени во минатото. А неговите политики спроведени во минатото од Заев, покрај криминал и корупција се предавството на националните интереси. Зоран Заев е човек кој со едната раката на срце се колнеше во македонската жица и тврдеше дека си ја сака земјата, додека со другата ја распродаваше. Откако со Бугарија влезе во процес на преговори и без око да му трепне, Заев прифати сѐ што Бугарите од него побараа. Сега, таа попустлива политика на Зоран Заев спрема Бугарија, до најмал милиметар ја следи и неговиот наследник во СДСМ, Венко Филипче. Наместо државничка политика за заштита на националните интереси, Филипче инсистира на попустлива и политика на предавство на националните интереси. Дека политиката на Филипче и СДСМ е предавничка, пред некој ден потврди и Бујар Османи, кој призна дека со дозвола на СДСМ, со Бугарија преговарал за етнички прашања. Со вакви погубни и предавнички политики и послушнички и поданички однос кон Заев, не е ни чудно што на последните анкети на јавното мислење, половина од граѓаните Филипче не го препознаваат за лидер на опозицијата. Со неговите потези Филипче само потврдува дека СДСМ продолжува да биде синоним за неспособност, криминал и предавства“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини