Со едноминутно молчење европските градови ќе им оддадат почит на починатите од ковид-19
Градоначалникот на Будимпешта на Фејсбук изјави дека овој гест е знак на признание за работниците од првите редови на борбата против коронавирусот.
Здружението „Eurocities“ ги повика градовите низ Европа в среда со едномутно молчење да им оддадат почит на жртвите на пандемијата на коронавирусот.
– Една година по почетокот на пандемијата на коронавирусот, мрежата градови „Eurocities“ ги поканува сите на европска минута молк. Заедничка комеморација ќе се одржи в среда напладне – објавено е на веб-страницата на „Eurocities“.
Во тоа здружение се речиси 40 земји.
Еден од градовите што веднаш го потврди своето учество е Будимпешта.
Градоначалникот Гергели Караксони на Фејсбук изјави дека овој гест е знак на признание за работниците од првите редови на борбата против коронавирусот.
– На Европа и треба заеднички момент – нагласи Дарио Нардела, претседател на „Eurocities“ и градоначалник на Фиренца.
– Бидејќи во моментов не се можни настани, секој за себе треба да учествува во едноминутен молк за себе, а како поддршка на споделеното искуство. Во знак на поддршка планиран е „пренос во живо“ со Дарио Нардела – се додава на нивната веб-страница.