📽 СО ЕДЕН УДАР ПАДНА КУЛА ОД 240 МЕТРИ Руска ракета ја урна телевизиската кула во Харков

Емитувањето на телевизискиот сигнал во вториот по големина град во Украина беше прекинато како резултат на нападот, кој е дел од серијата руски ракетни напади и напади со беспилотни летала во последните недели.

5,726

Телевизиската кула висока 240 метри во украинскиот град Харков се преполови и се урна по руски ракетен напад врз телевизиската инфраструктура, соопштија локалните власти.

Емитувањето на телевизискиот сигнал во вториот по големина град во Украина беше прекинато како резултат на нападот, кој е дел од серијата руски ракетни напади и напади со беспилотни летала во последните недели.
– Во моментов има прекин во дигиталниот телевизиски сигнал – рече регионалниот гувернер Олех Синехубов, потврдувајќи и дека нема жртви во нападот бидејќи вработените се засолниле.






На снимката од местото на настанот се гледа како главниот столб на кулата пука и паѓа на земја, додека облак чад се издига кон небото.

Иако од снимката не е јасно што ја погодилo кулата, властите во Харков сугерираат дека Русија во нападот  користела крстoсувачка ракета Кх-59 .

Ова не е првпат Русија да ја гаѓа телевизиската кула во Харков, откако претходно ја нападна на почетокот на март 2022 година, што резултираше со прекин на сигналот.

Москва ги засили нападите во последниве денови, бидејќи Украина се бори со ограничените капацитети за воздушна одбрана, при што Харков и околниот регион го носат најголемиот товар.

Поврзани содржини