СО ДВЕ МАСКИ ВО ПРОДАВНИЦА И ВО АВТОБУС Грција ги продолжи мерките за заштита од ковид-19

Грчките здравствени власти соопштија дека ги продолжиле постојните мерки до 24 јануари и дека носењето двојни маски за лице ќе продолжи да биде задолжително во супермаркетите и во јавниот превоз.

676

Грција ќе ги продолжи ограничувањата за коронавирусот за уште една недела за да помогне да се спречи ширењето на омикрон, кој стана доминантен во земјата.

Минатиот месец нашиот јужен сосед воведе мерки против ковид-19 кои важат во баровите, рестораните и во ноќните клубови за време на божикните празници, кои требаше да истечат на 17 јануари.






Грчките здравствени власти соопштија дека ги продолжиле постојните мерки до 24 јануари и дека носењето двојни маски за лице ќе продолжи да биде задолжително во супермаркетите и во јавниот превоз.

Во соопштението се наведува и дека високозаразниот сој омикрон стана доминантен во земјата по првиот регистриран случај на почетокот на декември.

Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 32.694 инфекции на коронавирус и 80 починати.

Од почетокот на пандемијата во земјава се потврдени вкупно 1.568.215 новозаразени и 21.559 починати.

Поврзани содржини