Со дронови се трага по исчезнато лице во околината на Тумбе кафе

326

Тим на Дирекцијата за заштита и спасување, специјализиран за спасување од планина заедно со припадници на МВР рано изутрина почнаа акција за потрага по лице на возраст од 85 години, откако вчера е пријавен за исчезнат во околината на Тумбе кафе и местото викано Сива.

Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека покрај тимот за спасување од планина, во потрагата по исчезнатото лице вклучи и дронови. Акцијата  е во тек

Поврзани содржини