🎥СО ДРОН Е ПОГОДЕН МЕЃУНАРОДНИОТ АЕРОДРОМ ВО КУВАЈТ Ситуацијата е под контрола, полесно се повредени неколку вработени

Генералната управа за цивилно воздухопловство на Кувајт соопшти дека властите веднаш ги активирале „одобрените итни процедури, при што инцидентот бил решен, а локацијата е обезбедена.

173

Меѓународниот аеродром во Кувајт е погоден со дрон, што резултирало со „полесни повреди“ кај одреден број вработени, како и со „ограничена материјална штета“ на патничкиот терминал, соопшти Генералната управа за цивилно воздухопловство на Кувајт.

Нивниот официјален портпарол, Абдулах ал-Раџи, изјави дека властите веднаш ги активирале „одобрените итни процедури, при што инцидентот бил решен, а локацијата е обезбедена“, јави Ал Џезира.






– Ситуацијата е целосно под контрола, а безбедноста на патниците и персоналот на аеродромот останува наш врвен приоритет – изјави Ал-Раџи.

Тој додаде дека властите ќе продолжат да информираат преку официјални канали штом ќе бидат достапни повеќе информации.

Денеска САД и Израел почнаа со воздушни напади на територијата на Иран, а иранската војска го ракетираше Израел, како и американските бази во ОАЕ, Бахреин, Катар.

Поврзани содржини