СО ДРОН ЈА СНИМАЛЕ ПОЛИЦИЈАТА Кумановци под истрага, во нивните домови пронајдени 15 дронови и куршуми

Двајца кумановци под истрага за неовластено снимање со дрон, полицијата откри 15 дронови, муниција и документација.

803

Полицијата изврши претреси кај две лица осомничени за незаконско снимање на СВР Куманово.

Според информациите на Министерството за внатрешни работи, денеска со судска наредба биле извршени претреси во домовите на Д.Х. (47) и Д.Г. (51), како и во просториите на правното лице на едниот од осомничените.






„Претресите беа извршени во рамки на постапка по член 149 и член 152 од Кривичниот законик, откако на социјалните мрежи беа објавени видео записи снимени со дрон, на кои се гледа зградата на СВР Куманово, службени возила, како и физичко обезбедување на настанот по повод празникот 2 Август,“ соопшти МВР.

Во домот на Д.Х. биле пронајдени еден дрон, шест куршуми и повеќе нотарски акти и документација, додека кај Д.Г. полицијата открила дури 14 дронови. Сите пронајдени предмети се одземени и ќе бидат предмет на понатамошна истрага.

„Со двајцата лица се извршени службени разговори во полициската станица, а по целосното расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, информираат од МВР.

Поврзани содржини