„СО ДИНАМИТ ЌЕ ГО ПРЕОРАМЕ СТРАДУН, А ТЕБЕ ЌЕ ТЕ ОБЕСИМЕ НА ЈАРБОЛ!“ Закана до градоначалникот на Дубровник поради концертот на Здравко Чолиќ

Чолиќ за новогодишната ноќ заработи вртоглави 130.000 евра, што е убедливо најмногу од сите изведувачи во регионот.

6,312

Градоначалникот на Дубровник, Мато Франковиќ, на Фејсбук го објави заканувачкото писмо што го добил поради новогодишниот настап на Здравко Чолиќ.

Чолиќ за новогодишната ноќ заработи вртоглави 130.000 евра, што е убедливо најмногу од сите изведувачи во регионот.






Во писмото што е испратено до Франковиќ се вели дека е од хрватските бранители на тигрите и од 4-та бригада на Хрватска.

„Другар Франковиќ, ние во 1991 година го браневме Дубровник од четниците и србадиите, а ти денес каниш српски пејачи на Страдун како Здравко Чолиќ и други Цеци српски што им пееја на четниците на Пале, сега мислиш дека тешко ќе го зезаш хрватскиот народ. Последна опомена, дека ќе го преораме со динамити целиот Страдун, а тебе ќе те обесиме на јарбол на Страдун“, се вели во анонимното писмо.

– Честитка за добро утро од „бранителите“ кои немаа храброст да се потпишат – напиша Франковиќ и го објави писмото во кое јасно се читаат грозоморните закани.

Франковиќ заканата ја пријавил, но и ја објавил јавно, зашто треба да се предупреди и на одговорноста на оние што се закануваат.

– Не би рекол дека заканата е мала. Таа е сериозна – рече тој.

Франковиќ тврди дека има добри односи со бранителската популација.

Еве како изгледаше концертот на Чолиќ во Дубровник:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zdravko Čolić (@zdravko.colic)

Поврзани содржини