СО ДЕВИЗНИТЕ РЕЗЕРВИ СЕ ПОКРИВА УВОЗ ОД 4,6 МЕСЕЦИ Тоа е над сите релевантни стандарди и е гаранција за стабилно ниво

Гувернерот Трајко Славески вели дека стабилните девизни резерви се силна основа за одржување на макроекономската стабилност.

15

Гувернерот на Народната банка Трајко Славески, преку објава на Твитер информираше дека девизните резерви на земјата се на исклучително стабилно и сигурно ниво, што претставува силна основа за одржување на макроекономската стабилност.

-Девизните резерви се повисоки за околу 50% во однос на 2019 година и изнесуваат приближно 4,9 милијарди евра. Тоа е комотно ниво што гарантира стабилност на девизниот курс и обезбедува простор за интервенции доколку се укаже потреба – вели Славески.






Тој потсетува дека за време на пандемијата дел од девизните резерви беа искористени преку интервенции на девизниот пазар, но во наредниот период тие беа целосно надоместени.

Сега, посочи, девизните резерви обезбедуваат покриеност на увозот од 4,6 месеци, што е ниво над сите релевантни меѓународни стандарди и дополнително ја потврдува стабилноста на девизниот и финансискиот систем.

Поврзани содржини