Со Дексаметазон веќе ги лекуваат на Инфективна, од лекот да не се прават домашни резерви

1,284

 Лекот дексаметазон веќе се користи и на Инфективната клиника, а се покажа како корисен. Иако на почетокот, колегите од другите држави тврдеа дека не само што дексаметазонот не е корисен, туку тој може и да им наштети на пациентите. Но, на Инфективната клиника примената на овој лек ја наоѓаме за многу корисна, се разбира, комбиниран со сите други, антибиотски пред сè, терапии – изјави  денеска  директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, Милена Стевановиќ, одговарајќи на прашање на новинарите.

Научници од Оксфорд вчера објавија истражување дека овој лек се покажал како делотворен кај најтешко болните пациенти од ковид-19.






–  Ние го користевме во овој период и заклучивме дека во вистинскиот момент, кога сметаме дека треба да се даде, и кога сме го давале, сме имаме бенефит од лекот, вели на КЗИБИФС.

Министерот Филипче на прес-конференцијата нагласи дека дексаметазонот не е лек што како поединечна терапија треба да се користи и апелираше граѓаните да не се снабдуваат со резерви и да го купуваат лекот.

– Дексаметазон не е лек за домашна употреба  и не се дава како единствен лек, туку во комбинација со повеќе лекови. Тој е во исто време и кортикостероид и има многу несакани ефекти, а е лек којшто има противвоспалително дејство, но во исто време го намалува и имунитетот. Во Америка е ставен на листата на лекови кај коишто доктор оценува дали  бенефитот е поголем од ризикот и потоа се дава на пациентите – рече Филипче.

 

 

 

 

 

 

Поврзани содржини