🎥 СО ДЕФОРМИРАНО ОКО И СО ЛУЛЕ НА УСТАТА, ИМ СЕ ФАЛЕЛ НА ДЕЦАТА Кој бил вистинскиот Попај?

Тој имал репутација дека секогаш бил вклучен во борби, па затоа имал деформирано око, односно „pop-eye“, што на англиски значи „испакнато око“. Тој ја покажал својата сила во толку многу борби што станал локална легенда. Секогаш го пушел лулето, па зборувал само со едната страна од устата.

893

Малкумина знаат дека ликот на Попај од култниот цртан филм навистина постоел. Неговото вистинско име било Френк „Роки“ Фигел, роден во Полска на 27 јануари 1868 година. Тој емигрирал со своето семејство во Америка каде во 1887 година ѝ се приклучил на морнарицата, пишува порталот Летитјуд 38.

На социјалните мрежи циркулира фотографија од вистинскиот Попај, Френк „Роки“ Фигел, која стана многу популарна поради неговата сличност со цртаниот Попај.






Кога креаторот на цртаниот филм „Попај“ го сретнал, тој бил пензиониран морнар кој бил ангажиран од таверната на Вибуш во градот Честер, Илиноис, да го чисти и да одржува редот. Тој имал репутација дека секогаш бил вклучен во борби, па затоа имал деформирано око, односно „pop-eye“, што на англиски значи „испакнато око“. Тој ја покажал својата сила во толку многу борби што станал локална легенда. Секогаш го пушел лулето, па зборувал само со едната страна од устата.

Кога бил со деца, го држел лулето со аголот од устата, честопати фалејќи се со својата физичка сила и гласно тврдејќи дека спанаќот е храната што го прави непобедлив.

Креаторот на ликот на Попај, Елзи Крислер Сегар, е роден во Честер и бил едно од децата кои ја имаа привилегијата „во живо“ да ги слушаат приказните на поранешниот морнар.

Поврзани содржини