СО ДЕЦЕНИИ СЕ ЗБОРУВА ЗА ТОА БЕЗ ДА СЕ НАПРАВИ ЧЕКОР Битиќи повторно предлата економијата да се реструктуира
Вицепремиерот нагласува дека за да се поттикне конкурентноста на компаниите, да се зголеми производството на производи со додадена вредност и да се стимулира раст на извозот, една од мерките за поддршка е Гарантниот фонд за извозни компании
Неопходно македонската економија да се реструктира. Со сегашната структура на економијата, во која две третини од БДП се потпира на приватна потрошувачка, 15 отсто на јавната потрошувачка, а само мал дел на извозот и производство како економија и држава сме многу ранливи, вели вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќ
– Ако сакаме одржливо да се развиваме, оваа структура мора да се промени во насока на поголемо учество на производството со поголема додадена вредност, зголемување на конкурентноста на компаниите и раст на извозот. Треба да се поддржуваат сектори кои создаваат додадена вредност во економијата и кои на долг рок придонесуваат кон економски развој и подобрување на структурата на БДП – посочува Битиќи во интервју за порталот izvoz.
Тој нагласува дека за да се поттикне конкурентноста на компаниите, да се зголеми производството на производи со додадена вредност и да се стимулира раст на извозот, една од мерките за поддршка е Гарантниот фонд за извозни компании, кој веќе е ставен во функција, а кој ќе се операционализира преку Развојната банка, која со тоа ќе ја добие развојната компонента која и недостасуваше во досегашното функционирање.
– Благодарение на пакетите за економска поддршка оваа година успеавме да спасиме 120 илјади работни места и да ја намалиме невработеноста и во време на криза. Очекувањата се 2021 година да заврши со стапка на невработеност од 15 проценти, со најмалку 15 илјади дополнително креирани работни места и раст на економијата од 4,1 процент, што ќе биде добра почетна основа за наредните години, кога се очекуваат стапки на раст на економијата од 5 до 5,2 отсто – потенцира вицепремиерот за економски прашања Битиќи.