СО ЦИГЛА СКРШИЛ ПРОЗОР, ВЛЕГОЛ И КРАДЕЛ Разбојничка кражба од куќа во Скопје

Сопственикот го спречувал, но осомничениот физички го нападнал, го турнал во грмушките во дворот и избегал од местото.

1,103

Основното јавно обвинителство Скопје покрена истражна постапка и предложи мерка притвор за лице осомничено за разбојничка кражба. Инцидентот се случи на 19 октомври на улицата „Благоја Стефковски“ во Скопје.

Според обвинителството, осомничениот со цигла го скршил стаклото на прозорец од спалната соба во куќата и влегол внатре. Додека пребарувал по собите, пронашол и одзел 1.580 евра и 2.000 денари. Кога се обидел да ја напушти куќата, бил забележан од сопственикот.






Сопственикот го спречувал, но осомничениот физички го нападнал, го турнал во грмушките во дворот и избегал од местото.

Обвинителството побара притвор за осомничениот поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците и оштетениот, како и ризикот делото да се повтори.

Поврзани содржини