СО ЧЛЕНКА НА ЕУ СЕ НАТПРЕВАРУВАМЕ ЗА ИНВЕСТИЦИЈА ОД 150 МИЛИОНИ ЕВРА Во септември ќе се открие која компанија би дошла во Македонија

Премиерот најави уште две други инвестиции кои се на компании кои се во земјава и се однесуваат на проширување на производството. Инвестициите се во автомобилската индустрија и индустрија за присуство на суплементи.

2,325

Премиерот Христијан Мицкоски најави 3 нови инвестиции, од кои 2 се проширување на веќе постоечките производствени капацитети и една нова во вредност од 150 милиони евра за која течат преговори.

Инвестициите се во автомобилската индустрија и индустрија за присуство на суплементи.






– Преговараме со три можни нови инвестиции. Две се од веќе постојните производни капацитети – проширување на нивното производно портфолио, големи ќе бидат и значајни за домашниот производ. Второ, преговараме со една голема компанија, инвестиција во вредност од 150 милиони евра, во потесен круг сме со една голема европска земја која што е членка на ЕУ. Ние и тие се бориме, сега сме во фотофиниш, ако сѐ биде како што треба се надевам дека во септември веќе ќе можеме и да ја објавиме. Сосе овие две проширувања ќе имаме отприлика уште четвртина милијарда евра нови инвестиции до крајот на годината што значително ќе влијаат врз БДП – рече премиерот Мицкоски при денешното поставување камен-темелник на нова спортска сала во општина Петровец.

Поврзани содржини