СО ЧЕТИРИ ПРАТЕНИЦИ МОЖЕМЕ ДА ЈА СРУШИМЕ ВЛАДАТА Реџепи вели дека Алтернатива ќе ја услови коалицијата со реформи во правосудството
Еве јас сум независен пратеник, ако се согласни другите тројца пратеници на Алтернатива, ќе гласаме против оваа Влада ако нема сериозни реформи во правосудството. Без тие 4 пратеници паѓа Владата, рече Скендер Реџепи за ТВ21.
„Видете што се случува со одлуката на Апелација за Мијалков. Ова е пораз за правдата во Македонија. Мојата поранешна партија Алтернатива стана дел од Владата со ветување дека ќе работи за реформи токму во секторот правда. Еве јас сум независен пратеник, ако се согласни другите тројца пратеници на Алтернатива, ќе гласаме против оваа Влада ако нема сериозни реформи во правосудството. Без тие 4 пратеници паѓа Владата. Ослободувањето на Мијалков е политичка одлука“.
Вака во КликПлус на ТВ21 зборуваше пратеникот Скендер Реџепи. Тој рече дека штом Никола Груевски и Димитар Апасиев се најпопуларни политичари во Македонија, тогаш, според него, почнал да се враќа национализмот.